КОШМАРНИ вести од Унгарија: Манасков ги скина лигаментите на коленото!

Многу лоши вести за македонската ракометна репрезентација пристигнуваат од Унгарија, од каде Веспрем објави дека нашиот репрезентативец Дејан Манасков заработил тешка повреда на коленото.

Левото крило се здобило со повреда, а деталните прегледи утврдиле кинење на вкрстените лигаменти, повреда по која вообичаената пауза изнесува најмалку шест месеци.

„Во понеделникот, нашето одлично лево крило, Дејан Манасков, заработи наизглед сериозна повреда. За жал, прегледите го потврдија она од што сите се плашевме – скинати се вкрстените лигаменти, а згора на тоа оштетени се медијалните лигаменти, што значи операција и долга пауза за нашиот ракометар“, објави Веспрем.

Манасков требаше да биде еден од главните адути на Македонија на претстојното ЕП што нашата репрезентација ќе го почне во Дебрецин, а неговото отсуство сигурно ќе претставува огромен проблем за стручниот штаб предводен од Кире Лазаров.

Се вчитува...