Кошмарно деби за Лука Станковски за Газиантеп: Се повреди па ќе паузира два месеци!

Македонскиот младински репрезентативец Лука Станковски имаше кошмарно деби во дресот на турскиот Газиантеп.

Станковски кој влезе во игра во 81. минута на денешниот дуел против Башакшехир, како што информираат турските медиуми, експресно брзо се здобил со повреда скочниот зглоб па според првичните информации ќе мора да паузира два месеци.

Македонскиот фудбалер, како што информираат турските медиуми, ги повредил зглобот и лигаментите поради што ќе мора да паузира од терените најмалку до април, пропуштајќи ги во март и натпреварите на младата репрезентација на Македонија против Србија и Фарските острови во квалификациите за ЕП.

Лука Станковски, како што е познато, зимава за 650.000 евра се пресели од Работнички во турски Газиантеп.

Се вчитува...