Кошмарот стана агонија за Конти: Пак го повреди коленото, го чека нова операција

Бекот на Милан, Андреа Конти, ќе мора одново да оди на операција откако ја обновил повредата на коленото. Летното засилување на „росонерите“ поради скинати лигаменти пропушти голем дел од сезонава, а со обновената повреда значи дека воопшто нема да се појави на терените до крајот овогодинешното првенство.

Од неодамна започна да учествува на тренинг сесиите, одигра и еден меч со младинците на Милан, но за време на еден од тренинзите Конти почувствувал болки во левото колено и морал да изврши неколку прегледи.

Наместо да работи на неговото опоравување, Конти ќе мора одново „под нож“ за целосно да ја санира повредата, италијанскиот бек ќе биде опериран од истиот хирург кој му го намести коленото на Златан Ибрахимовиќ.

Се вчитува...