Косово е веќе заборавено – Македонија со мислите во Естонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа го совлада Косово со 2-1 и за првпат во историјата успеа да обезбеди меч за пласман на едно големо натпреварување. Но, како што рече и селекторот Ангеловски, мечот со Косово веќе е заборавен и треба да се мисли на дуелот против Естонија во новиот циклус во Лигата на нации. Македонија во понеделник во Талин ќе и гостува на Естонија, а „црвено-жолтите“ ден по големата победа над Косово веќе се на тренинг и подготовка за новиот меч.

 

 

Се вчитува...