Косово и без Рахмани од Наполи и без Бериша на мечот со Македонија

И репрезентацијата на Косово се соочува со проблеми околу составот пред бараж пресметката од полуфиналето во плеј-офот на Лигата на нации за пласман на ЕП.

Пред доаѓањето во Скопје за натпреварот со Македонија, кој се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, од Косово и информацијата дека нема да игра и капитенот Амир Рахмани од Наполи, а неизвесен е и настапот на голманот Самир Ујкани. Како што е познато, поради повреда од претходно отпадна Милиот Рашица. Неизвесен е и настапот на Валон Бериша од Ремс.

Противникот во Скопје доаѓа со Ведат Муричи, кој и наспроти повредата, се очекува да настапи на натпреварот во четврток на „Тодор Проески“.

И селекторот на Македонија, Игор Ангеловски, се соочува со проблеми по откажувањето на Елиф Елмас поради позитивен тест на Ковид-19. Се очекува пристигнувањето на Горан Пандев кој денеска и дефинитивно треба да добие дозвола од италијанските здравствени власти за напуштање на карантинот на Џенова и доаѓање во Македонија.

Се вчитува...