Косово потфрли, Данска ќе разигрува против Македонија во футсал евроквалификациите

Македонската репрезентација во футсал ќе разигрува против репрезентацијата на Данска во рамки на квалификациите за Европакото првенство што в година ќе се одржи во Словенија. На ждребот во Нион пред неколку месеци Македонија беше сместена во шестата група заедно со Казахстан (домаќин на група) и Чешка, како и победникот од прелиниранта група Е.

На прелиминарните дуели, во групата Е разигруваа селекциите на Норвешка, Кипар, Косово и Данска. Денес, на последниот ден за натпревари првопласираниот во групата Косово се пресмета со Данска. Натпреварот за дебитантот требаше да биде само рутина и заверување на првото место. Наместо тоа репреземтативците на Косово направија од готово вересија. Иако во првото полувреме имаа водство од 1-0, вториот дел од натпреварот мина во апсолутна доминација на Данска, селекција која беше директен ривал за првото место. Натпреварот заврши со 1-2 победа за Данците кои иако имаат идентичен скор како и Косово поради подобар исход на меѓусебниот дуел обезбедуваат пласман во главната фаза.

Селекцијата на Кипар која беше во иста состојба како и Данска ремизира со Норвешка (4-4) и не успеа да се пласира во главната фаза на евроквалификациите.

Се вчитува...