Косово со жалба до УЕФА за радоста на Србите во Лисабон

Фудбалскиот сојуз на Косово ќе испрати жалба до УЕФА поради начинот на кој Србија славеше победа во Лисабон, со која обезбеди пласман на Мундијалот во Катар.

Како што соопштуваат медиумите од Косово, пријавата до УЕФА ќе се однесува поради истакнување на националистички симболи на маиците, потоа пеењето на националистички песни и покажување на три прста.

„Во песната која ја пееја фудбалерите се споменуваат и градови на соседни земји, и тоа е неприфатливо. Таква провокација и националистичка гестикулација не е во сооднос на европските вредности, туку е дел од српските мисли“, се наведува во соопштението од сојузот, пренесоа медиумите.

Се вчитува...