Косовските фудбалери испратени кон Скопје од армија фанови

Фудбалската репрезентација на Косово предмалку тргна кон Скопје, а фановите ја испратија со песна селекцијата на Бернард Шаландес. Очекувањата кај нашиот северен сосед се нивниот национален тим да забележи успех, да ја елиминира Македонија и да се пласира во финалето на плејофот за пласман на Европското првенство.

Противникот вечерва треба да го одржи официјалниот тренинг на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Косовската селекција е десеткувана, без тројцата најдобри фудбалери.

Се вчитува...