Коста: Требаше да водиме поубедливо во првото полувреме

Диего Коста се врати во стартниот тим на „црвената фурија“ и успеа да се запише меѓу стрелците, постигнувајќи го голот за водство од 0-2 на „Телеком Арена“. Голгетерот на Челси, кого го очекува неизвесна иднина на клупски план во следните месеци, по мечот во Скопје изрази задоволство од рутински одработената задача, иако напомена дека Шпанците морале да бидат поефикасни при своите шанси во првото полувреме.

За нас беше важно да победиме и го сторивме тоа, така што мораме да бидеме задоволни. Доминиравме во првото полувреме, создадовме бројни чисти ситуации за гол и требаше да имаме и поголемо водство пред заминувањето на пауза. Како што тоа вообичаено се случува, во вториот дел Македонците дадоа гол и ја искомпликуваа работата, но во секој случај рутински си ја одржавме предноста и стигнавме до планираните три бода“ – изјави Диего Коста.

Се вчитува...