Костадинов асистент за Ружомберок, надминати проблемите со повредата (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Тихомир Костадинов асистираше за почесниот погодок на Ружомберок во поразот на неговиот тим од 3-1 на гостувањето против Тренчин во најсилната лига на Словачка.

Костадинов ги надмина проблемите со повредата па се врати во првиот тим на Ружомберок, денеска асистирајќи во самиот финиш од средбата за почесен гол на неговиот тим.

Тихомир Костадинов се очекува повторно да биде во составот на Игор Ангеловски за престојниот историски натпревар за пласман на ЕП, против Грузија на 12. ноември во Тбилиси.

Се вчитува...