Костадинов: Чест е да се биде дел од А-тимот

Тихомир Костадинов дополнително доби повик во А-тимот од селекторот Игор Ангеловски, откако се соочи со откажувањата и на Езгјан Алиоски и Иван Тричковски поради повреди. Тој вели дека е среќен што е меѓу најдобрите македонски фудбалери, заедно со Пандев, Барди, Несторовски и останатите…

„Чест ми е што дел од најсилната македонска репрезентација, заедно со Пандев, Барди, Несторовски. Голем дел од фудбалерите ги познавам од младата репрезентација, а што се однесува до мене, се надевам дека ќе ја оправдам довербата на селекторот. Мотивот е огромен да се игра до дресот на Македонија и се надевам дека ќе успееме да извлечеме позитивни резултати на мечевите против Австрија и против Израел“, изјави Тихомир Костадинов.

Се вчитува...