Костадинов: Мораше да реализираме, ни недостасуваше само постигнат гол со Летонците

Македонија ремизираше без голови со Летонија на пријателскиот натпревар во Скопје, пред заминувањето за Велс на последниот натпревар од квалификациите за пласман на СП 2026 и битката за втората позиција на табелата.

Фудбалерот од средниот ред, Тихомир Костадинов не е задоволен од ремито со Летонците потенцирајќи дека едноставно морало да се постигне погодок за да се дојде и до триумф на мечот.

„Ни недостасуваше тој гол. Имавме свои шанси, но голманот на гостите беше на едно високо ниво, со доста добри интервенции. Факт е дека не сме задоволни со учинокот напред, затоа што посакувавме победа. Креиравме шанси и според мене требаше да реализираме“ – истакна синоќа Костадинов, осврнувајќи се и на тоа што репрезентацијата ја очекува во Велс.

„Во Велс не чека противник кој игра агресивно. Мора да бидеме подготвени на тоа. Знаеме што не очекува, знаеме каков натпревар не очекува и за што играме па сигурно ќе се подготвиме максимално за тој натпревар“.

Се вчитува...