Костадинов: Не смееме да влеземe во еуфорија, ладни глави и целосен фокус за победа над Исланд

Македонија синоќа славеше со големи 0-5 на гостувањето кај Ерменија во квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 година во Катар. По ремито на Романија дома со Исланд, „црвено-жолтите“ сами одлучуваат за својата судбина во последната рунда од квалификациите.

Тихомир Костадинов вели дека не треба еуфорично да се гледа на целата работа и со ладна глава и целосен фокус мора да се посветат на мечот против Исланд.

„Овој тим веруваше до крај дека може да се доведеме во ситуација сами да решаваме за својата судбина во квалификациите за СП 2022. Не треба еуфорично да гледаме на овој момент, ни треба „ладна глава“ и целосен фокус на натпреварот. Се надевам дека публиката ќе биде со нас на вистински начин“, изјави Костадинов. 

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд кој ќе се игра во недела на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е со почеток во 18 часот.

 

 

 

 

Се вчитува...