Костадинов официјално промовиран во дресот на Пјаст Гливице (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов и официјално е промовиран во дресот на полскиот прволигаш Пјаст Гливице каде ја продолжува својата кариера.

Костадинов, по разделбата со словачки Ружомберок каде настапуваше изминативе четири години, сега потпиша договор со полскиот тим до 2025 година.

„Среќен сум затоа што ова е чекор напред во мојата кариера, потпишувајќи договор со голем клуб како Пјаст кој игра во навистина силна лига. Се надевам дека ќе и помогнам на екипата за подобри резултати во иднина“, истакна Костадинов по потпишување на договорот.

25-годишниот Костадинов претходно во својата кариера има настапи за српскиот Моравац, словачките Злате Моравче, Бањска Бистрица и Ружомберок, како и Тетекс на домашната фудбалска сцена.

Се вчитува...