Костадинов промаши пенал, Пјаст елиминиран од полскиот куп

Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов и неговиот Пјаст се елиминирани од осминафиналето во Купот на Полска откако на пенали загубија од Горник Забрже со 5-2.

Нашиот фудбалер беше еден од трагичарите за својот тим откако промаши во втората серија од пеналите. Претходно по 120 минути мируваа мрежите, а Костадинов влезе од клупата во 72. минута.

Инаку Давид Тошевски останува дел од Горник Забрже откако се врати на тренинзите на тимот во кој беше позајмен од Ростов во првиот дел од сезоната. Тошевски во есенскиот дел одигра само три меча за полскиот тим, и тоа два во Купот и еден во првенството. Во Купот постигна два гола, додека во првенство не се запиша во листата на стрелците. Настапи еднаш и за вториот тим на Горник, и таму стрелаше во тој еден меч.

Се вчитува...