Костадинов: Првиот пенал беше дискутабилен, но тоа е фудбалот

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби со 2-1 на гостувањето кај Чешка од 2-1, во меч во кој главен актер беше главниот судија Оченаш од Словачка кој досуди два пенали за домаќините од кој едниот во 99. минута.

Фудбалерот за врска Тихомир Костадинов по мечот рече дека жали што не стигнале до поволен резултат, но дека тоа е фудбалот.

„Знаевме дека ќе биде физички тежок натпревар. На тоа бевме подготвени, дека Чесите ќе играат на центаршутеви бидејќи физички се доста моќни. Мислам дека многу добро одговоривме на тоа. Штета за тие две ситуации, според мене првиот пенал беше доста дискутабилен, но тоа е дел од фудбалот. Исто така направивме наивен пенал во последните секунди, меѓутоа одиме понатаму. Игравме против многу силен ривал кој ќе игра на ЕП. Тоа треба да ни даде мотив и самодоверба бидејќи мислам тоа ни недостига. Почнувам од себе индивидуално, јас и колегите мора да работиме на тоа да се подобриме во тој аспект. Во тактичкиот аспект и борбеноста нема замерки. Треба да извлечеме поуки од овој натпревар, да работиме на себе и во септември да си ја оствариме целта“, изјави Костадинов.

Се вчитува...