Костадинов со трансфер во полскиот прволигаш Пјаст Гливице

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов својата кариера ќе ја продолжи во полскиот прволигаш Пјаст Гливице.

По четири сезони минати во редовите на словачкиот Ружомберок, 25-годишниот Костадинов сега реализира трансфер во полскиот шампионат каде, според најавите, ќе потпише двегодишен договор.

Костадинов претходно во својата кариера има настапувано и во Злате Моравче и Бањска Бистрица во словачкото првенство, во српскиот Моравац како и во Тетекс на македонската фудбалска сцена.

За македонската репрезентација досега има 16 официјални натпревари, наметнувајќи се како еден од стандардните првотимци изминативе месеци под водство на новиот селектор Благоја Милевски.

Се вчитува...