Костадинов успешно опериран, го очекува рехабилитација од шест месеци (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов успешно ја мина операцијата на предните вкрстени лигаменти на клиниката во Барселона, Шпанија.

Костадинов, за жал, се здоби со една од најтешките спортски повреди на натпревар за полскиот Пјаст Гливице поради што сега го очекува пауза од шест до осум месеци.

Сепак, како што самиот објави македонскиот репрезентативец се чувствува одлично и верува дека порано од предвидениот период комплетно ќе се рехабилитира и ќе се врати на фудбалските терени. Костадинов мина и одличен квалификациски циклус во дресот на македонската репрезентација по доаѓањето на Благоја Милевски на селекторската функција.

Се вчитува...