Костакурта без дилема: Македонија е послаба од Италија, тимската игра ќе не однесе на СП!

Легендарниот фудбалер на Италија и долгогодишен член на Милан, Алесандро Костакурта не се сомнева дека „аѕурите“ ќе ја победат Македонија во полуфиналниот бараж, а Португалија истото ќе го стори против Турција, па пет дена потоа ќе се игра спектакуларна пресметка за виза за Катар во Лисабон.

Костакурта ја отпиша Македонија во полуфиналето закажано за 24 март во Палермо, сметајќи дека тимскиот дух и тимскиот квалитет на Италија ќе пресуди и тоа е адутот кој ќе ги однесе „аѕурите“ во финалниот плејоф.

„Македонија е послаба од Италија, иако треба да се нагласи дека има добар тим и квалитетни фудбалери. Но, тимскиот дух и тимскиот квалитет не е како на ‘аѕурите’ и тоа во вакви мечеви многу значи. Но, и Италија ќе има проблем, зашто сегашниот тим не е истиот како пред 8-9 месеци и не мислам на кој ќе игра или ќе отсуствува, зашто по Евро 2020 се гледа дека енергијата, гладта за победа и квалитетот не е на нивото како за време на турнирот кога беше освоена европската круна. Но, јас очекувам пласман на СП, тежок меч со Португалија“, заклучи Костакурта.

Се вчитува...