Костас Слоукас е МВП на финалето од Евролигата

Грчкиот кошаркар Костас Слоукас е прогласен за најкорисен играч (МВП) на финалето од Евролигата.

Панатинаикос успеа да го сруши Реал Мадрид победувајќи со 90-75 во Берлин за преземање на кошаркарскиот престол на Европа, а најзаслужен за тоа беше Костас Слукас кој постигна 24 поени во финалето, дополнети со три асистенции и два скока.

Слоукас е само трет кошаркар во историјата на кого му успеало да дојде до четири европски титули со три различни клуба.

Се вчитува...