Костески: Да го оставиме срцето на терен, резултатот ќе дојде сам по себе

Ненад Костески одигра извонредно прво полувреме против Чиле, кога нападот не ни функционираше најдобро, но младото десно крило со пет гола за 30 минути ја одржа Македонија во живот. Тој не го крие задоволството по големиот триумф со кој „црвено-жолтите“ се пласираа во следната рунда од овој светски шампионат.

„Пресреќен сум поради оваа победа, која за нас значеше и пласман во следната рунда од светското првенство. Одигравме борбено, машки, со што ја заслуживме победата со која си обебедивме уште три натпревари со квалитетни ривали на овој мундијал. Лично сум задоволен и од минутажата што ја добив и од прикажаната игра“, истакна Костески.

Ракометарот на Еурофарм Пелистер најавува уште подобро издание на нашиот национален тим на утрешниот натпревар против Словенија (15.30 часот).

„Мораме да излеземе на терен и да одиграме храбро. Неопходно е да го оставиме срцето на терен, ако го сториме тоа резултатот ќе дојде сам по себе“, порачува Ненад Костески.

Се вчитува...