Костески: И покрај сите проблеми Еурофарм Пелистер оди на победа против Бидасоа Ирун

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер во следните две недели ќе одигра двомеч против шпанска Бидасоа Ируна во Европската лига.

Пред три години во двата натпревари од Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер победи во Битола, откако претходно минимално загуб во Баскија. Крилото на клубот Ненад Костески вели дека и покрај сите проблеми одат на победа на овој меч.

„Бидасоа Урун е една добра екипа, се работи за сериозен противник. Се подготвуваме овие неколку дена, иако знаеме дека е многу густ овој период, истолнет со многу натпревари. Ќе собереме сили и одиме во Ирун на победа, која би ни значела премногу и би ни овозможила големи шанси за пласман во следната фаза. Можам да кажам дека сме во нагорна линија, нашата форма оди нагоре, играме добро, остваривме две големи победи досега на гостински терен. Зошто да не биде ова третата? Сепак, има уште многу да се игра до крај на групната фаза, па затоа одиме со мирни глави на овај натпревар во Шпанија“, изјави Костески.

Натпреварот меѓу Бидасоа Ирун и Еурофарм Пелистер е закажан за утре со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...