Костески: Има голем напредок во нашата игра, на ЕП одиме да се надигруваме со сите

Ракометната репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за настапот на Европското првенство 2022 година во Унгарија и Словачка. Атмосферата во таборот е одлична, подготовките поминуваат во најдобар ред.

Еден од најдобрите млади македонски ракометари, Ненад Костески вели дека е задоволен од тоа како поминуаат подготовките, но и од неговата игра во пријателските мечеви против Кувајт и Израел.

„Првиот дел од подготовките заврши. Влегуваме во последна фаза пред Европското првенство. Се поминува во најдобар ред и ги исполнуваме задачите што ги дава селекторот. Лично сум задоволен од тоа како играме, напредуваме и индивидуално сме добро подготвени. Задоволен сум и од моите настапи на трите пријателски натпревари. Се надевам дека се ќе продолжи во најдобар ред со повреди и дека со мирни глави ќе заминеме на Европско првенство. Ги анализираме противниците. Добро ги познаваме. Со Данска игравме во квалификации и докажавме дека можеме да играме и изненадиме. Црна Гора не смееме да ја потцениме. Квалитетна селекција која се бори до крај. Словенците исто така добро ги познаваме и знаеме како играат. Се подготвуваме напорно и се надеваме на позитивен резултат“, изјави Костески. 

Македонија својот прв меч во групата А која ќе се игра во Дебрецин ќе го има на 13. јануари против Словенија.

Се вчитува...