Костоски и Питешт им се вратија на победите

Клуж накратко ги извади од колосек Александар Костоски и Питешт кои беа во победнички ритам. Денес на домашен терен, македонскиот репрезентавец и романскиот клуб повторно се вратија на победничките патеки нанесувајќи му пораз на Темишвар со убедливи 94-73 (22-16, 23-23, 21-14, 28-20).Иако започна фуриозно, Питешт го забави ритамот како што се доближуваше крајот на првото полувреме. С0 0/4 за три поени и само два поени од поле, на македонскиот организатор на игра не му тргна од рака во првиот дел од натпреварот. Сето тоа се промени во вториот дел. Во моменти кога на Питешт му беше потребно да ја врати самодовербата, Костоски реализираше од далечина за одржување на предноста.

Македонскиот интернационалец запиша 10 поени (2/3 за два поени, 2/6 за три поени) на кои придодаде два скока и седум асистенции за 30 минути поминати на паркетот. Најефикасни во тимот на Костоски беа Габриќ со 28 поени и Хантер со 20 поени.

Се вчитува...