Костоски уште две години во Гостивар

Александар Костоски е првиот кошаркар што се согласи на останување во Гостивар откако успешно ги заврши преговорите за нов двогодишен договор со овој македонски прволигаш. Долгогодишниот македонски репрезентативец дојде во Гостивар пред две сезони, по завршувањето на авантурата во Романија, експресно се наметна како еден од лидерите на тимот на тренерот Србиновски, па неслучајно беше и меѓу првите со кои се седна на маса за продолжување на соработката.

„Моторот на нашиот тим е првиот играч кој ја продолжи верноста кон нашиот клуб. Гостивар ќе има среќа уште две години во салата „Младост“ да ги гледа мајсториите на најдобриот плеј во Македонија. А костоски продолжува да игра пред најдобрата публика во Македонија“, се пофалија гостиварци на официјалната фејсбук-страница на клубот.

По потписот на нов договор со тренерот Србиновски, сега по Костоски на ред се разговори и со Тасовски и Димчевски, како желби за задржување на „костурот“ од домашни играчи во тимот. Под договор со гостиварци од минатата сезона е и Американецот Доналдсон, кој прикажа одлични игри и ќе биде значаен адут на овој тим и во новиот шампионат.

Се вчитува...