Костов потпиша за Академија Пандев

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Костов, е нов член на Академија Пандев, откако овој талентиран одбранбен фудбалер денеска потпиша договор со струмичкиот прволигаш.

Костов има настапувано за Брегалница, а ланската сезона ја мина во дресот на Ренова. Тој во изминатиот период тренираше со „пандевци“, при што на тренинзите и контролните натпревари прикажа добри игри со кои ги убеди челниците на клубот да потпишат договор со него.

Младиот играч, кој е син на познатиот македонски тренер Влатко Костов, ќе може да настапи уште во првото коло за новиот клуб, в недела „пандевци“ во Струмица ќе го пречекаат новиот прволигаш Македонија ЃП.

Се вчитува...