Македонскиот боксер Илчо Костовски загуби со едногласна одлука на судиите од Андреј Заплитњи од Молдавија на Европското првенство во бокс за сениори кое се одржува во Софија, Бугарија.
Во категоријата до 90 килограми, Костовски загуби во осминафиналето со 0-5 од Заплитњи, па сега единствена македонска надеж на Европското првенство останува Ален Рустемовски.
Рустемовски, во категоријата до 60 килограми, денеска против Англичанецот Вилијам Хевит ќе се бори за место во полуфиналето на шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
