Котарски е нов голман на Динамо: Конечно, повторно сум дома

Динамо Загреб успешно ја заврши потрага по нов квалитетен голман откако го претстави Доминик Котарски како нов стартен чувар на мрежата.

„Модрите“ потрошија многу време преговарајќи за Доминик Ливаковиќ, но откако тој замина во Барселона фокусот беше насочен кон Котарски, кој исто така е актуелен репрезентативец на Хрватска. Станува збор за голман кој своевремено беше дел од младинската школа на Динамо, а во Загреб се враќа по осум и пол години настапи во Холандија, Грција и во Данска.

Тој доаѓа на „Максимир“ од редовите на ФЦ Копенхаген, на едногодишна позајмица со клаузула за задолжителен откуп следното лето.

„Искрено, многу сум среќен и возбуден, конечно сум повторно дома. Динамо секогаш бил мој клуб, единствена фудбалска љубов. Секогаш го следев, каде и да играв, сега ми се укажа можност да се вратам назад и воопшто не размислував. Динамо Загреб не се одбива, сакам да останам овде долго, да освојам многу трофеи. Да се биде прв голман на Динамо носи со себе и голема одговорност, но подговен сум за тоа“, изјави Котарски по потписоот на договорот со хрватскиот првак.

Се вчитува...