Ковач ја спасува кариерата на Бејл: Баерн го купува од Реал

Хрватскиот тренер Нико Ковач ја спасува кариерата на непосакуваниот повеќе во Реал Мадрид, Герет Бејл.

29-годишнот Бејл, кој не е во добри односи со Зинедин Зидан, и дефинитивно ова лето заминува од Мадрид. Сите очекуваа дека ќе се врати во Англија, иако за него не постојат некои посебни понуди, но се чини дека Баерн Минхен ќе ја спасува неговото кариера со купување од Реал.

Бејл пред Реал играше за Тотенхем и Саутемптон, па Баерн Минхен би бил четврти клуб за него во кариерата.

Реал Мадрид летово се впушта во комплетна реконструкција на тимот. Досега пристигнаа Еден Азар, Лука Јовиќ, Ферланд Менди, Едер Милитао и Родриго Гоес, а се очекува пристигнувањето и на Пол Погба.

Се вчитува...