Ковач: Ливерпул е најтешкиот ривал што можевме да го добиеме

Ливерпул и Баерн Минхен заедно имаат освоено 19 европски трофеи, а ќе се сретнат во најинтересниот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите. Ждребот во Нион не им беше наклонет, го признава тоа шефот на баварскиот тим.

„Ливерпул е најтешкиот ривал што можевме да го добиеме. Минатата сезона играа во финалето, а и оваа се одлични во ЛШ. Тие се главни фаворити за трофејот, меѓутоа ние сме Баерн Минхен. Наша предност е што реваншот ќе го играме на „Алијанц арена“, а шансите за пласман понатаму се 50-50“, изјави тренерот на Баерн Минхен.

Баварскиот клуб има проблеми и во Бундес-лигата и во моментот се наоѓа на третата позиција на табелата.

 

Се вчитува...