Ковач по поразот: Не можам да премолчам, тоа не беше во ред…

Борусија Дортмунд загуби со 2-1 на гостувањето против Баерн Минхен, а Нико Ковач вината за поразот на „милионерите“ ја насочи конн судијата Бастијан Данкерт.

Според тренерот на „милионерите“, според е првиот гол на Хари Кејн, кој во воздушниот дуел по корнерот има контакт со Гираси што Ковач смета дека морал да биде санкциониран бидејќи му овозможил на Кејн предност по која Англичанецот го отвори резултатот на „Алијанц Арена“.

„Говориме за судиски критериум, а Данкерт денеска свиреше при секој контакт. Тоа беше негова одлука, така да го води мечот, но јас не можам да премолчам – морам да прашам, ако се санкционираше секој контакт, како можеше да биде признаен голот на Кејн. Гираси оди горе, рацете на Кејн се горе и го туркаат. Контактот е краток, но денеска видовме бројни фаули и за помали контакти. Затоа, некој треба да ми објасни зошто судијата го упропасти дербито со тој гол. Точно е, ние не бевме на ниво во првите 45 минути, но судијата не беше добар 90 минути,, добивме толку многу жолти картони, а на Кејн не би му свиреле ни 20’% од овие фаули во Англија. Знам дека пак ќе се најдам во проблем, но не можев да премолчам, морав да го кажам ова“, изјави Нико Ковач.

Поддршка за зборовите на Ковач стигна и од германската фудбалска легенда Лотар Матеус.

„Судијата направи грешка при првиот гол за Баерн. Гираси е во скок и е турнат додека е во воздух, па не може да реагира. Ако не беше контактот со Кејн, топката немаше да го прелета, туку тој ќе ја исфрлеше пред да стигне до домашниот фудбалер. Тоа е фаул“, прокоментира Матеус.

Се вчитува...