Kовач спасот за проблемите во одбраната го бара во Ла лига

Германскиот шампион Баерн Минхен поради големите проблеми во одбраната принуден е во јануари да купува нов дефанзивец. Откако се повредија Никлас Суле и Лукас Хернандез, Нико Коваќ остана пократок за одбранбени фудбалери, па затоа „баварците“ ќе тргнат во офанзива на фудбалерот на Атлетик Билбао Унаи Нуњез.

Тие веќе одреден период го следат 22- годишниот фудбалер. Задоволни се од неговите игри, а предноста е што можат да го донесат и за мала сума на пари. Имено, во договорот на Нуњез стои клаузула од 30 милиони евра, сума која што не е никаков проблем за минхенскиот клуб.

Се вчитува...