Ковачиќ: Челси е вистинскиот клуб за мене

Матео Ковачиќ синоќа ги мина лекарските прегледи во Лондон, по што 24-годишниот хрватски интернационалец и официјално го стави својот потпис на едногодишниот договор со Челси. Тој пристигнува на „Стемфорд бриџ“ на едногодишна позајмица од Реал Мадрид, а во договорот нема клаузула според која „сините“ на крајот од сезонава за одредена сума би можеле целосно да го откупат неговиот договор.

Ковачиќ инсистираше да си замине од Мадрид поради желбата да добива поголема минутажа, па Хрватот не го криеше задоволството по комплетирањето на оваа позајмица.

„Пресреќен сум што сум овде, Челси е вистинскиот клуб за мене. Чувството е фантастично, ќе дадам се од себе за да му помогнам на тимот да победува. Ова е нова лига, сосема поинаква од шпанската, секој почеток е тежок, но знам дека тренерот и соиграчите ќе ми помогнат. Со нетрпение го очекувам стартот, ова ќе биде одлична сезона“ – изјави Ковачиќ.

Се вчитува...