Ковачиќ: Гледам видеа од Пол Сколс за да станам уште подобар играч

Матео Ковачиќ во финишот од преодниот рок пристигна од Реал Мадрид и експресно се наметна за првотимски статус во Челси. Хрватскиот ас откри и кој е неговиот фудбалски идол – легендата на Премиер-лигата, Пол Сколс, од кого Ковачиќ се уште гледа видеа за да напредува во својата кариера.

„Секој фудбалер треба да биде единствен по нешто, затоа јас не копирам целосно никого, но за мене Сколс е најдобриот на сите времиња на мојата позиција. Тој беше неверојатен, се уште уживам кога гледам негови видеа на ју-тјуб и гледам да научам нешто ново што можам да го употребам во мојата игра“ – истакнува Ковачиќ.

Поранешниот играч на Реал Мадрид е реален околу својот главен проблем во играта, недоволниот број на постигнати погодоци.

„Ако имам недостаток, тоа се головите. Влегувам во шанси, но тешко реализирам, тоа е она што ќе морам да го поправам во периодот што следи“ – искрен е Матео Ковачиќ.

Се вчитува...