Ковачиќ изненадно заминува од Манчестер Сити!?

Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ би можел оваа зима да замине од редовите на Манчестер Сити и да се пресели во Вест Хем Јунајтед.

Фудбалерот од средниот ред беше во ротацијата на Пеп Гвардиола, но повреда на глуждот го ограничи на само 37 минути поминати на теренот.

Хрватот одново ќе мора да се бори за место во составот па неговата иднина се чини дека не е „Етихад“.

Од друга страна, „чекичарите“ во 31-годишникот гледаат како идеална замена за Лукас Пакета кој се поверојатно е дека ќе оствари трансфер во Фламенго.

Се вчитува...