Ковачиќ одлучи: Си одам од Реал, некаде каде што ќе играм

Матео Ковачиќ во последните две сезони беше џокер од клупата на Зинедин Зидан, ситуацијата најверојатно нема да се промени ниту под водство на Лопетеги, па затоа хрватскиот ас реши да побара да му биде дозволено да ги промени клуските бои.

„За мене е огромна чест што сум дел од Реал Мадрид. Знам дека е многу тешко да се биде стандарден првотимец, пред се бидејќи дојдов многу млад во клубот, но чувствувам дека најдобро за мене ќе биде да заминам во друг клуб, некаде каде што би имал повеќе шанси да играм редовно. За да се развивам како играч неопходен ми е континуитет. Во Мадрид минав три прекрасни години, ова е неверојатен клуб, преполн со извонредни фудбалери, свесен сум зошто не можам да бидам стандарден во првиот тим, но токму затоа барам да си заминам“ – изјави Ковачиќ.

Јувентус веќе извесно време се интересира за овој фудбалер, понуда подготвува и Рома, а интерес покажува и Баерн Минхен, при евентуална размена за Тијаго Алкантара.

Се вчитува...