Ковачиќ се си призна: Азар постојано ме прашува за Реал

Хрватот Матео Ковачиќ сезонава ја минува како позајмен фудбалер од Реал Мадрид во лондонски Челси.

„Сините“ го добија Ковачиќ на позајмица во трансферот за голманот Куртоа. Но, „кралевите“ сега посакуваат уште еден фудбалер од Челси – Еден Азар. Белгиецот и самиот призна дека во иднина сака да настапува за Реал, за да сега и Ковачиќ открие дека преселбата на Азар во Мадрид е речиси готова работа.

„Постојано ме прашува каква е ситуацијата во Реал. Секако, тој е фокусиран на Челси и игра одлично за тимот, но очигледно е дека мислите му се насочени и кон Реал“ – вели Ковачиќ и дополнува:

„За мене тој е феноменален фудбалер. Порано не бев свесен дека е толку добар. Тој сигурено е меѓу најдобрите тројца фудбалери во светот“.

Се вчитува...