Ако овој најавен трансфер се случи, тогаш навивачите на Интер ќе бидат многу бесни. Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ се поврзува со „кам-бек“ во Милано, ама овојпат во дресот на Милан, пишуваат хрватските медиуми.
Наводно неговиот соиграч од репрезентацијата Лука Модриќ го препорачал на челниците на Милан, како решение во средниот ред.
Овој евентуален трансфер сигурно не би дошол добро кај фановите на Интер, каде Хрватот играше од 2013 до 2015 година, од каде потоа замина во Реал Мадрид, па во Челси, за од 2023 година да биде дел од Манчестер Сити.
Ковачиќ идната сезона влегува во последната година од договорот, и токму ова лето е шанса Сити да заработи нешто до него, со оглед дека во последно време добива само повремено минутажа во таборот на „Граѓаните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
