Ковид протоколите си го направија своето: Само неколку фудбалери ќе ги поздрават навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија приреди вистински шок откако славеше на гостувањето кај Италија со 0-1 во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Хероите пристигнаа во Скопје, но како што пренесуваат од ФФМ само неколкумина од нив ќе може да ги поздрават навивачите кои веќе во голем број се собраа на плоштад Македонија.

“Заради Ковид протоколи од УЕФА, само неколкумина од фудбалерите ќе ги поздрават присутните на плоштадот. Мора да се придржуваме до протоколите заради видеата и сликите кои се споделуваат, а овој начин на групирање со луѓе надвор од тимот, УЕФА не го дозволува во своите протоколи”, стои во соопштението на ФФМ.

Се вчитува...