Кожуф подобар од Велес, и втора победа на втората контрола

Екипата на Кожуф продолжува со квалитетните изданија на пријателските натпревари за време на подготовките пред новата сезона.

Гевгеличани, по претходната победа над Плачковица, денеска славеа и против Борец Велес славејќи со 1-0. Стрелец на единствениот погодок на мечот беше Славе Танов во 29. минута од средбата.

Кожуф на денешниот тест дуел настапи во следниот состав: Ников, Зајков, Бејков,Шишков, Петров, Каракамишев, Попов, Танов, Пеев, Скендери и Ристовски. Играа уште:Јанкулов Илија, Атанасов, Терзиев и Димитров.

Се вчитува...