Кожуховски: Ќе се обидеме да ја изненадиме Шкендија

Тренерот на Номе Калју, Роман Кожуховски на прес-конференција пред утрешниот дуел со Шкендија истакна дека во Скопје се со желба да одиграат подобар натпревар од оној во Талин, и да го изненадат македонскиот шампион.

„Допатувавме во Скопје со желба да одиграме подобро од Талин. Знаеме дека Шкендија е голем фаворит, тим кој игра напаѓачки со одлични поединци, но ние ќе се обидиме да ги изненадиме. Доволно сме мотивирани за да одиграме добар натпревар“ – вели Кожуховски.

Слично е размислувањето и на капитенот на Номе Калју, Масимилијано Уга…

„Мислам дека не можеме да одиграм полошо од она на првиот натпревар. Ако го одработиме договореното можеме до позитивен резултат. Сакаме да ја изненадиме Шкендија, иако ќе биде тешка задача“ – вели Уга.

Се вчитува...