Кожув тргна во фаза на формирање на ростерот под водство на новиот тренер Миодраг Тодоровиќ, вчера беше претставен Дамјан Крстевски како прво засилување, а денеска и првиот странец што е потпишан за новата сезона.
Станува збор за Кристијан Канингем, Американец висок 202 сантиметри кој е исклучително скочен и настапува на центарската позиција, каде се очекува да биде главен адут на тренерот Тодоровиќ.
Канингем доаѓа од шампионатот на Јапонија, а претходно има настапувано и во Израел…
„Со големо задоволство го претставуваме Christian Cunningham, новото засилување во нашиот тим! 💪🔥
Американскиот крилен центар, висок 201 см, пристигнува со богато интернационално искуство и сериозно присуство под кошевите.
Канингем својата колеџ кариера ја мина на Jacksonville State University, каде што постави значајни рекорди:
Најдобар блокер во историјата на универзитетот – 215 блокади
Рекордер по бројот на скокови во NCAA Division I – 864 скока
Рекордер по процент на реализација од игра – 62,1%
Во професионалната кариера настапувал во повеќе земји и клубови, меѓу кои Hapoel Be’er Sheva, Ramat HaSharon, Kagoshima Rebnise, FIBWI Palma, Bristol Flyers, Selfoss Karfa и Amicale Steinsel.
Добредојде во црвено- белата фамилија Christian“, објави КК Кожув.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
