Кожув донесе нов Американец

Екипата на Кожув дополнително ги засили своите редови потпишувајќи нов странски кошаркар. Станува збор за Д’Анџело Хантер, 201 сантиметар висок кошаркар кој настапува на позициите два и три.

Овој американски кошаркар има 26 години, а во гевгелискиот прволигаш доаѓа откако ланската сезона ја минал во шампионатот на Мексико. Тој ќе му се стави на располагање на тренерот Игор Михајловски и се очекува да биде меѓу главните адути на Кожув во продолжението од сезонава.

За потсетување, Кожув во првото коло од новата сезона загуби од Академија ФМП, по што во премиерниот домашен натпревар во драматична завршница славеше над Струмица.

Се вчитува...