Кожув го шокираше МЗТ Скопје Аеродром

Кожув му ја прекина победничката серија и му го нанесе третиот сезонски пораз на вицепрвакот, МЗТ Скопје Аеродром откако направи подвиг триумфирајќи на гостувањето во „Јане Сандански“ со 91-80 во дуелот од 18.коло во домашниот кошаркарски шампионат. За Мзт ова е само втор пораз на домашен терен сезонава, додека Кожув ја продолжува успешната победничка серија на гостувањата.

На МЗТ тешко му тргна во овој дуел, го загуби воведниот сегмент со десет поени разлика, потоа фати приклучот со одличната втора четвртина која јадоби со високи 24-9 по што имаше пет поени педност на паузата.

Непостојаноста во играта на двата тима се манифестираше и во третата четвртина, во која Кожув го надмина падот и само деветте поени во вториот дел и беше поуспешен со 29-19. Во решвачкиот четврти период од средбата, Кожув постојано одржуваше опиплива дистанца, бегаше и на 10 поени предност и не дозволи да ми побегне победата на тешкото гостување.

Кесар со 24 и Вилијамс со 22 поени беа предводници на Кожув во овој значаен триумф во трката заместо во Супер лигата. Гевгелискиот тим сега има биланс од 9/7 и 25 поени со кои се пробива на шестата позиција на табелата, пред конкурентот Куманово од кого е подбар во меѓусебните дуели.

Вудард со 18 поени беше прв стрелец во поразениот тим, Стојановски постигна 17, а Самарџиски 12 кај МЗТ кој има 14 победи и 3 порази и е во ситуација да до загуби лидерското местона табелата.

 

 

Се вчитува...