Кожув им се врати на победите со убедлив триумф над „фенерџијата“ Црн Дрим

Кожув славеше со 97-73 над Црн Дрим во последниот натпревар од викенд понудата во кошаркарскиот шампионат на Македонија. Домаќините добро го стартуваа мечот и по десет минути имаа предност од 32-29. Следеше мал пад во вториот период кој гостите го добија со два поени и на пауза заминаа со негатива од 51-43. Сепак, следуваше консолидирање во вториот дел и со добра игра особено во фазата на одбрана гевгеличани стигнаа до победа од 97-73.

Марко Симоновски со 24 поени беше најефикасен кај победникот, а одличен натпревар одигра и Станојевиќ кој заврши со 12 поени и 14 скока. Кај поразените Жоао Марсело заврши со 24 поени.

Кожув во моментов е со скор од девет победи и 11 порази, додека Црн Дрим останува последен со само една победа и 18 порази.

Се вчитува...