Кожув лесно се справи со Вардар

Кожув триумфално ја заврши прволигашката сезона, откако во мечот од последното коло во пресрет на Супер-лигата тимот од Гевгелија славеше на гостувањето против Вардар со убедливи 70-91.

Фуриозната прва четвртина беше сосема доволна за избраниците на Алек Јончевски со десет одлични минути да си ја осигураат победата. По почетните 2-2 следеше серија од 14 поени на Кожув, оваа четвртина заврши со 13-32, за Вардар да одигра далеку подобро во вториот период што домашниот тим го доби со 23-15. Сепак, тоа беше се од „црвено-црните“, кои немаа сили за камбек, па Кожув рутински го одработе второто полувреме и заслужено славеше со конечни 21 поен разлика.

Вилијамс со 28 поени беше најдобар поединец во таборот на Кожув, а новиот Американец Пејн реализираше 15 поени. Кај Вардар најдобар стрелец при денешниот пораз беше Михајлоски со 22 постигнати поени.

Се вчитува...