Кожув не дозволи изненадување против Пелистер

Кошаркарите на Кожув остануваат во трка за место во Супер-лигата откако неочекувано тешко стигнаа до победа над Пелистер (73-68).

Избраниците на Алек Јончевски водеа цел натпревар, откако ја добија првата четвртина со 27-16, но големиот пад во концентрацијата можеше скапо да ги чини. Имено, во последната четвртина Кожув имаше предност од 64-50, по што Пелистер влезе во серија и намали на само еден поен разлика (69-68). Сепак, домашните кошаркари се разбудија кога беше најважно, во преостанатите 137 секунди не примија ниту еден поен и заслужено се радуваа на победата.

Караколев беше клучен играч на тимот од Гевгелија постигнувајќи 19 поени, Ивеља оствари дабл-дабл од 14 поени и 10 скокови, а најефикасен во таборот на Пелистер беше Голубовиќ со 21 поен.

Се вчитува...