Кожув очекувано надмоќен против Шкупи

Кошаркарите на Кожув славеа убедлив триумф (118-71) против Шкупи во 21.коло од Првата лига. Тоа е 11. победа за гевгелискиот тим во шампионатот наспроти осумте порази.

Уште во првата четвртина Кожув обезбеди двоцифрена предност (36-17) и потврди дека е супер фаворит на овој меч. Избраниците на Алек Јончевски минимално го загубија вториот период, но во ниту еден момент победата не беше загрозена. На крајот беше изразена со 47 поени разлика.

Владимир Ивеља со 22 поени беше најефикасен во победничкиот состав, а Борис Сутаров и Томислав Петров уфрлија по 17. Најпрецизен на натпреварот беше гостионскиот кошаркар Елвис Хот со 30 поени.

Се вчитува...