Кожув падна во „Градски парк“: Убедлив Работнички за шеста победа сезонава (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на Работнички стигнаа и до шестата победа сезонава во Првата македонска кошаркарска лига, славејќи со убедливи 97-81 против досегашниот лидер Кожув во 9. коло.

Тимот од „Градски парк“ повеќе од заслужено стигна до победата наметнувајќи силен ритам од почетокот на дуелот за предност уште во првиот период од играта. На полувремето се замина со предност од 49-43 за Работнички, а потоа во второто полувреме само дополнително се зголемуваше за на крајот убедлив триумф од 16 поени разлика (97-81).

Дури шест кошаркари на Работнички завршија со двоцифрен ефект, меѓу кои најефикасни беа Ефремовски и Лескот со по 17 поени. По 16 поени запишаа Двејн, Младеновски и Мијатовиќ, а со 10 поени, четири скока и три асистенции мечот го заврши Главчев.

Во поразениот тим се издвои Пејн со 27 поени, а Караџовски натпреварот го заврши со 20 поени.

По оваа победа Работнички се израмни со Кожув со шест победи и три порази. На врвот е МЗТ Скопје со седум победи и два порази.

 

Се вчитува...