Кожув поразен од Теута во БИБЛ

Кошаркарите на Кожув со пораз (79-70) се враќаат од гостувањето кај Теута во БИБЛ. Гевгеличани беа во негатива во најголемиот тек од мечот, успеаја да направат пресврт и да поведат во последниот период со 67-68 на неполни три минути до крајот, но потоа потклекнаа и го загубија натпреварот.

Избраниците на Алек Јончевски првата четвртина ја загубија со 24-19, а на полувреме заминаа до седум поени негатива (41-34). Иако добро се држеа во продолжението од мечот, дури и го притиснаа домаќинот, на крајот доживеаја пораз, шести оваа сезона во регионалното натпреварување.

Девонта Вилијамс со 20 поени беше најефикасен во составот на Кожув на овој меч, а Игор Кесар постигна 16. Си-Џеј Вилсон постигна 20 поени во таборот на Теута.

Се вчитува...